Една чистачка во Италија случајно се ослободила од душек во кој се криел мало богатство: накит и готовина во вредност од околу 50 илјади евра. Сѐ се случило во италијанскиот град Монтебелун, околу 67 километри северозападно од Венеција.
Чистачката била убедена дека стариот душен е спремен за отпад – пренесува италијанскиот весник “Tribuna di Treviso”.
Така таа го однела на депонија душекот кој стоел во гаражата на сопственичката, инаку пензионерка. Меѓутоа, она што не го знаела е дека токму во него таа криела пари, кредитни картички и накит, пренесува Fenix.
Старицата забележала дека душекот го нема неколку часа подона. Нејзината ќерка веднаш повикала полиција.
Службениците заедно со вработените во локалната агенција за заштита на животната средина веднаш тргнале на депонијата. Барањето на почетокот било без успех, но по еден час душекот е пронајден во еден од контејнерите и за среќа, пронајден е заедно со парите и накитот.