Според информациите од бугарските дипломатско-конзуларни претставништва, во Македонија само мал број на граѓани гласале на Парламентарните избори на Бугарија. Со обработени 97,2% од записниците на секциските изборни комисии, правото на глас го искористиле 327 Бугари во Македонија.
„Изборниот ден во Република Северна Македонија помина со слаб одѕив на гласачите. Во петте секции што беа отворени во соседната земја гласаа 327 бугарски државјани“, пишува бугарски „Труд њуз“.
Во Албанија гласале само 145 луѓе. Податоците од Пописот во Албанија покажа дека таму живеат живеат 2 281 Македонец, а како Бугари се изјасниле 7 957 лица.
Во текстот се потсетува дека бугарските граѓани имаа можност да гласаат во вкупно 719 секции во 57 земји, а најголем број канцеларии работат во Европа.
Според податоците на МНР, во Турција, во Бурса гласале 14.745, а во Истанбул 13.336. Во регионот на Едрене гласале 10.734 луѓе, пренесува БНР.
„Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков доби најмногу гласови во Велика Британија, Германија, Франција и Италија, а во овие земји „Вазраждане“ го зазеде второто место, според прелиминарните податоци на Централната изборна комисија. За ПП-ДБ гласале околу 50 отсто од Бугарите кои го искористија своето право на глас во Романија, Унгарија, Полска, Словачка и Грузија. Во
Франција гласале само 2895 бугарските граѓани, што се смета за многу слаб одѕив во историската статистика за овие избори. Најмногу, речиси 1.200 луѓе гласале во трите секции во Париз, втори најактивни биле гласачите во Лион.
ММС/Труд њуз
Фото: Труд њуз