Поранешната лото девојка, Тина Катаниќ прозборе за скандалот кој ѝ го одбележа животот и поради кој се повлече од јавноста.
„Најискрено, бев жртва на кривично дело и сериозно нарушување на приватноста. Морам да кажам дека многу други девојки беа жртви како мене. Сакам да ја зголемам свеста за тоа да не се стигматизира нешто што настанало од доверба. Важно е да се слушне кој е жртва, а кој извршил тешко кривично дело. За среќа, денес жените се заштитени со сите можни конвенции и многу други закони. Најпосле, пресудата е донесена, а таа вели дека се направени тешки кривични дела“, рече Тина.
Имено, тогаш во јавноста протече снимка поради која Домагој Р. (28) во октомври 2021 година беше осуден на затворска казна од една година и 11 месеци.
Тој во 2015 година ја снимал манекенката во текот на сексуален однос со двајца фудбалери, по што снимката ја пратил на трета личност.
„Во тој период најтешко ми беше поради семејството. Сепак, излегов од сѐ со крената глава. Најважно ми е дека е донесена правосилна одлука и дека тоа лице доби затворска казна. Мене затворската казна не ми значи ништо бидејќи е направена неповратна штета, но ми служи како порака дека не смеат да се прават кривични дела и неказнето да се уништува туѓиот живот. Би рекла дека тоа не беше скандал, туку тешко злосторство“, објасни таа.
Тина тогаш поминуваше низ тежок период, а како што вели нејзините родители и пријатели, па и тогашното момче, ѝ биле најголема поддршка.
За потсетување, поранешниот фудбалер Домагој Р. (28) во 2015 година ја снимал со својот мобилен телефон манекенката и лото девојка, Тина Катаниќ додека таа имала интимен однос со двајца пријатели, а откако ѝ ја проследил снимката на трета личност беше осуден на казна затвор. Тој долго време го избегнуваше хрватското правосудство, па во 2016 година за него беше распишана судска потерница, а потоа во 2018 за него имаше и хрватска потерница. Во 2021 година тој беше екстрадиран во Хрватска од Германија.
Извор: kurir.rs