Изгаснат е пожарот кој вчера вечерта го зафати туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово.
Според информцијата од противпожарната служба во Берово во интервенцијата учествувале противпожарни екипи од градот и соседните градови Струмица, Пехчево, Кочани и Делчево.
Повредени нема, а причинета е голема материјална штета.
Командирот на пожарната во Берово Сашко Руменовски за Малеш.нет изјави дека пожарот е локализиран и не е дозволено тој да се прошири во останатиот дел од хотелот.
-Пожарот најверојатно е предизвикан од скарата. Интервенирано е со 15 пожарникари и четири возила. Кога видовме дека е потребно побаравме помош. Има голема материјална штета, но не дозволивме да се прошири пожарот, изјави Руменовски за Малешнет.мк