Нов успех на Македонските планинари! Штипјанецот Зоран Успрцов, член на ПД „Кораб“, заедно со Димитар Павловски и Дејан Христов од Скопје пред неколку дена во раните утрински часови, во услови на силен ветар и температура од – 20 степени го освоија врвот Мера Пик, висок 6.476 метри на Хималаите.
Од информации од нив дознавме дека со нив во тимот бил и локален шерпас, кој несебично помагал во нивниот поход икој девет пати го има освоено Монт Еверест.
Експедицијата успешно е вратена во базниот камп, потоа во Катманду, од каде ќе се подготвува за вракање во Македонија.
Врвот Мера Пик е на планина во делот Махалангур, видок 6.476 метри (21.247 стапки) и е класифициран како врв за трекинг.