Марија Атанасова од Штип остави голем впечаток на Фестивалот на музика „Макфест“, не само по песната туку и по стајлинготи и хуманоста, која ја одвои од сите.
Марија се појави со необичен фустан, но она што го најави заслужува големо внимание.
Таа носеше необичен фустан, целиот исцртан, а токму тој фустан ќе им помогне на дечињата со посебни потреби.
-Фустанот го изработи Модно студио „Бела“ од Штип, а во подготовката учествуваа дечињата од Астибова градинка и дечињата од дневните центри за деца со попреченост од Штип. Во текот на идната недела ќе се објави наддавање за фустанот, а парите ке бидат донирани на дечињата со попреченост во Штип. Аукцијата ке биде објавена во текот на наредната недела на моите профили на социјалните мрежи, ни рече Марија и додаде:
-Одсекогаш сум сакала да помагам на најранливите категории и да се дружам со дечињата.Тие цртаа на фустанот. Атмосферата додека се работеше фустанот ќе ми остане во спомен засекогаш, рече Марија.
Марија годинава беше единствената штипјанка што настапи на „Макфест“ и која го покажа своето хумано срце. Таа настапи со песната „Ти си ми се“ и се уште студира музика на Универзитетот во Штип.
(В.М.)
Фото: Вангел Тануровски/ Приватна архива