Има многу обичаи кои се прават на Света Петка, на 27 октомври, но посебни мора да се прават во пресрет на празникот.
Вечерта пред Света Петка има посебно значење, а по вечерата веднаш си легнувате. Според народното верување, ако во сон ви се појави Света Петка, тоа може да значи две работи, или ќе бидете наградени или тоа е предупредување и покана за промена. Се верува дека Света петка се појавува во сон за да ви покаже дека сте на вистинскиот пат или да ве предупреди преку соништата, пренесува мондо.рс.
Има нешто што мора да се направи пред спиење. Задолжително е да се прекрстите три пати, а потоа да ја изговорите молитвата:
„Боже помош, Света Петка и Света Недела, прости ако сме згрешиле; помогни ми Господи и спаси од туѓата невидена беда; спаси ме од лошите мисли; помогни го утрешниот ден; Господе дај ми здравје, добро да спијам , да не сонувам лошо , туку бесмрт и босилек да ни даде Господ здравје, среќа и напредок, а утре да се сретнеме здрави и живи!
Оваа светица е значајна за православните затоа што им помагала на болните и сиромашните, а се верува и дека е посебен заштитник на жените.
Има семејства кои традиционално со години се држат до иста трпеза, не грижејќи се за верските обичаи, но правилата велат дека има мрсни и посни гозби. Според верувањата, на овој ден жените не месат леб, туку ручекот го подготвуваат на вообичаен начин. Вечерта пред празникот целото семејство се моли за помош на светитеката, а на празникот жените не перат алишта и не вршат рачна работа.
Годинава црковниот календар пропишува да се мрси на овој ден, бидејќи се паѓа во недела.
Има повеќе обичаи поврзани со овој празник – младите девојки треба да берат цвеќе и со нив да го украсуваат својот дом за во него да владее хармонија и мир во текот на целата година. Девојките треба да носат нови фустани за да ги придружува среќата во наредната година.
Исто така, се верува дека оној што ќе ја повика Света Петка за заштита, таа повторно ќе се појави во неговиот дом, дури и непоканета, а најмногу пред големи неволји. Најчесто на верниците им се појавува преку соништата.