Македонија ја доби првата Академија за готвачи, а оние кои ќе ја завршат ќе добијат сертификат со кој ќе може да се вработат во угостителскиот сектор. За ова информираа од угостителскиот комплекс Ми Каса кој е лоциран на скопско Кале.
Освен што ќе стекнат знаење и вештини во врска со професионалното готвење, курсистите ќе може да се вработат во steakhouse или во кој било висококвалитетен угостителски објект, откако ќе им бидат пренесени искуствата од веќе докажани професионалци во областа.
На курсот може да се запишат сите заинтересирани лица со навршени 18 години, сѐ до 55 години.
Повеќе детали може да се добијат на бројот 078/272838 или на: academy.micasa@gmail.com