Експертите од британското здружение кое е специјализирано за проблеми со спиењето British Sleep Society повикаа да се елиминира поместувањето на стрелките на часовникот два пати годишно, односно да се стави на крај на летното сметање на времето.
Барањето го аргументираа со низата негативни влијанија кои поместувањето на стрелките на часовникот ги има врз квалитетот на сонот и здравјето воопшто, а оваа расправа отпочна и во другите земји ширум Европа. Според авторскиот труд кој е објавен во Journal of Sleep Research зимското сметање на времето би требало да се користи во текот на целата година. Сепак, ваквиот начин на сметање на времето почнува претстојниов викенд и ќе биде активен до пролет.
Се будите многу рано? Тоа може да остави последици на мозокот.
Експертите објаснуваат дека присутноста на сончевата светлина наутро е клучна за здравјето, додека летното сметање на времето ги присилува луѓето да се будат додека сѐ уше е мрак.
„Поместувањето на стрелките на часовникот лошо влијае на нашиот циркадијален ритам. Конкретно, на физичкото и на менталното здравје“, пренесува Mirror.