Мартин Филиповски, музичарот од братското дуо „Некст тајм“ стана татко. Неговата сопруга, ракометарката Андреа роди ќерка. Принцезата по желба на родителите ќе се вика Лиана.
Мартин радосната вест ја сподели на својот профил на Инстаграм .
-Светот во раце. Добредојде Лиана, напиша тој објавувајќи фотографија д него и бебето.
Мартин и Андреа се во љубов веќе девет години, а пред две години ја запроси, на неговиот роденден. На почетокот на минатата година направија свадба.
Веста за проширувањето на семејството ја објавија во мај.