Продолжуваат измамите по социјалните мрежи, во кои се злоупотребени фотографии оф познати личности.
Овој пат реагира фолк пејачката Сузана Спасовска, која наводно рекламира крема против брчки.
Токму затоа и Сузе реагираше:
-Бидејќи со денови ме прашувате за некоја си крема која сум ја рекламирала, сакам да ви кажам дека ова е злоупотреба на моето име, лик и дело, земајќи ја мојата слика и рекламирајќи производ за кој ниту сум прифатила, ниту сум дала дозвола, ниту ме интересира. Едноставно, ова е лага. Не наседнувајте на ваквите интернет измани, ве молам, напиша Суизе.