Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување е 25-ти октомври.
– Оваа обврска важи и за оние даночни обврзници кои во соодветниот период немаат реализирано оданочив промет, велат од УЈП.
Како што денеска соопштија од УЈП, до моментов поднесени се само 6.607 од очекуваните 40.975 ДДВ пријави, што укажува на значителен број обврзници кои сè уште не ја исполниле својата обврска.
Посочуваат дека навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е важно не само за даночната усогласеност на фирмите, туку и за општата финансиска стабилност на секој бизнис.
Управата за јавни приходи потсетува дека поднесувањето на ДДВ-04 пријавата не е само законска обврска, туку и начин да се заштитат даночните обврзници од непредвидливи трошоци и понатамошни постапки.