Откако Русија ја започна својата целосна војна во 2022 година, и покрај безбедносните ризици и препораките на странските влади да не го прават тоа, многу странци продолжија да ја посетуваат Украина. Некои доаѓаат за да им помогнат на Украинците како волонтери, а некои за да ги поддржат локалните бизниси како туристи.
Според Украинската државна гранична служба, над 2,4 милиони странци ја преминале границата со Украина во 2023 година и 536.729 во периодот јануари-април 2024 година. Киев е често најпопуларна дестинација, со 200.000 странски посетители во 2023 година, според администрацијата на украинскиот главен град.
Ако размислувате за патување во Киев и се прашувате дали е безбедно да го следите примерот на другите посетители, вие сте на вистинското место. Во оваа статија, „Рубрика“ објаснува што да очекувате кога патувате во Киев како странец.
Безбедносната ситуација во Киев сега
Дали е безбедно да се патува во Киев: Луѓето поминуваат покрај противтенковски ежи (познат како Чешки еж за противтенковска заштита) на Плоштадот на независноста во Киев во 2022 година. Фото: SOPA/Newscom
Виачеслав Хуз, шеф на украинската служба за миграција во градот Киев и регионот Киев, изјави дека повеќе од 50.000 странски државјани имаат дозвола за постојан престој, а над 23.000 странци живеат привремено на територијата на главниот град на Украина и регионот.
Амбасадите, исто така, се вратија во Киев откако беа испратени од нивните влади на почетокот на инвазијата. Најмоќните демократии, како САД, Велика Британија и Франција, ги вратија своите дипломати два – три месеци по војната. Во меѓувреме, новите земји размислуваа да ги отворат своите први диполоматски претставништва во главниот град на Украина.
Како може нешто од ова да биде возможно? Одговорот е во силите за воздушна одбрана на Украина. Вооружени со системи обезбедени од партнерите, тие го надгледуваа и го заштитуваа небото над Украина, вклучително и Киев, од руските закани, издадоа предупредувања за цивилите и соборија опасни воздушни објекти. Американското издание Политико дури го нарече Киев „безбедно засолниште“ бидејќи има најголем број системи за противвоздушна одбрана, вклучувајќи ги Patriot, NASAMS и IRIS-T, кои го штитат неговиот воздушен простор.
Што да очекувате ако го посетите Киев?
И покрај тоа што повеќето активни воени дејствија се одвиваат на истокот и југот на Украина, а Киев може со сигурност да биде прогласен за најзаштитен град во Украина , главниот град е сè уште подложен на ракетни и беспилотни летала, бидејќи Русија продолжува да граѓа цели на цивили и критична инфраструктура низ целата земја. Сирените, предупредувањата за воздушни напади и експлозиите сè уште се дел од животот во градот.
Додека силите за противвоздушна одбрана прават се’ што е во нивна моќ за да ги одбијат руските воздушни напади, секој посетител треба да биде одговорен и да ги следи безбедносните протоколи , како што е барање засолниште за време на предупредувања. Во 2023 година, Украина изгради над 61.000 засолништа за воздушно предупредување низ целата земја. Киев има 4.141 засолништа и 52 метро станици (со капацитет до 200.000 луѓе).
Безбедносната ситуација може да варира , така што ќе треба да се следат ажурирањата во реално време од официјални извори како владата, локалните вести, веб-страниците на амбасадите и веб-страниците или апликациите за предупредување од воздушен напад, како што е апликацијата Air Raid. Исто така, на странците им се препорачува веднаш да се засолнат по предупредувањето за воздушен напад.
Странците, исто така, треба да го следат полицискиот час што Украинците го почитуваат од воведувањето на воената состојба. Во моментов, во Киев е полициски час од 24 часот до 5 часот наутро, период во кој не се препорачува да се остане надвор или на јавни места.
„Бидејќи Украина е во војна, може да наидете на јавни помени или погребни поворки, затоа бидете со почит“, се препораките од градските власти.
Дали треба да го посетите Киев?
Дали е безбедно да се патува во Киев?: Националната ботаничка градина Хришко во Киев. Фото: Андриј Јакименко
Иако патувањето во Киев сега не е без ризици, тој останува жив град со отворени продавници, ресторани, туристички атракции, хотели, културни настани, оперативен јавен превоз и многу повеќе. Секојдневниот живот во Киев се приспособи на војната, а Украинците се обидуваат да ги живеат своите животи нормално,толку како што им дозволува војната. Тие не губат надеж и ги воспитуваат своите деца во градот, работат и плаќаат даноци, ги водат своите бизниси, ја развиваат економијата на Украина и ги поддржуваат украинските вооружени сили.
Дали е безбедно да се патува во Киев?: Во главниот град на Украина, Киев, паѓа ноќ. Фото: Владислав Липови
Препораки:
Ако изберете да го посетите Киев, ќе можете да го поддржите локалниот туризам , кој се соочи со неверојатни предизвици. Можете исто така, да помогнете во одржувањето на украинските претприемачи и со проширување на украинската економија, која треба да расте за да го финансира повоеното закрепнување. Можете да дознаете повеќе за културата на Украина и нејзината борба и да покажете солидарност со украинскиот народ.
Ако патувате во Киев како странец, бидете информирани, планирајте прецизно и подгответе се за непредвидливото. Дознајте важни информации за ограничувањата за патување и осигурување, научете ги процедурите за итни случаи и запомнете ги локациите на засолништата во близина на вашето место на престој. Почитувајте ги локалните безбедносни правила и начинот на живот на земјата во воена состојба.
Овој текст е преземен од украинскиот медиум Рубрика
Фотографии од Рубрика
Powered by TechSoup Network’s Digital Activism Program