Многумина не знаат дека познатиот режисер Драгослав Лазиќ (86), инаку бившиот сопруг на познатата актерка Снежана Савиќ, среќата ја најде по разводот со 32 години помладата Драгана Туркаљ, со која на 76 години доби близнаци.
Сепак, борбата за потомство не помина без проблеми. Како што во една прилика откри самата Драгана, тие долго се мачеле да ги добијат ќерката Искра и синот Лазар.
-Со мојот сопруг, исклучително карактерен и силен маж, сфатив дека ништо не е срамно. Пораснав со него со оглед на тоа што го запознав на 26 години. Бидејќи по природен пат не успеавме да станеме родители, после безброј обиди започнавме со акцијата на ин витро оплодување. Бидејќи обидите беа залудни, полека запаѓав сè подлабоко во очај – изјави своевремено Драгана Туркаљ.
-Често се прашував зошто сум казнета и што направив за да заслужам сето ова да ми се случи. Во моментите кога мислев дека обидот да се роди дете преку вештачко оплодување повеќе нема смисла, Драгослав инсистираше да продолжиме и да не се откажуваме. Секој неуспех боли, а мојот сопруг беше сведок на моите маки – изјави Драгана за „Ало“.
Снежана еднаш истакна дека има многу добри односи со бившиот сопруг и неговото ново семејство и дека близнаците ги гледа на родендените на нејзината ќерка и внука.
-Мојот поранешен сопруг доби деца пред нешто помалку од десет години. Јас сум во нормални односи со него и неговото ново семејство. Неговите близнаци ги гледам на родендените на нашата заедничка внука и нашата ќерка Анита. Во такви ситуации всушност се дружиме. Не можам со сигурност да кажам колку години имаат близнаците, но тие се малку помлади од нашата внука – изјави актерката за „Блиц“.