Основното јавно обвинителство информира дека се издадени наредби за вештачење на траги пронајдени на местото на несреќата, а исто така вештачење ќе се врши и на комбето кое било подигнато од местото на несреќата, која се случи вчера попладне на автопатот Скопје-Велес, пред тунелот кај Катланово.
-Основното јавно обвинителство Скопје интензивно презема дејствија за утврдување на причините за вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес. Во текот на ноќта издадени се повеќе наредби за вештачење на траги пронајдени на лице место и за обдукција на починатите. Комбето е подигнато од местото на несреќата и ќе се врши и вештачење со цел да се испитаат сите околности кои довеле до настанот, велат од ОЈО.