На прес конференцијата по одржувањето на меѓувладината конференција Албанија – ЕУ, новинар од Бугарија праша за статусот на Македонија и за како што рече „одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ“.
Еврокомесарот Оливер Вархеи кратко одговори дека двете земји никогаш не биле споени, а пристапувањето кон ЕУ е базирано на заслуги.
-Да ве коригирам – двете земји ако беа споени, во што не верувам, барем правно не биле никогаш, политички можеби. Двете земји го беа почнале првиот Меѓувладина конференција во 2022, ова не е нова за Албанија, се’ се базира на мерит процес, исто е и за Македонија. Капацитет подразбира дека ќе дозволиме компромис да биде направ, но најважен е мерит системот, според критериумите, рече Вархеји.
Поконкретен беше Петар Сијарто, шефот на унгарската диппломатија.
-Албанија заслужува одамна почеток на преговори многу одамна. Исто верувам дека Северна Македонија истото го заслужува. Знаеме дека какви се пречките, но можам да ветам дека додека во приоритет на Унгарското претседателство е проширувањето на земјата, продолжуваме да ги поддржуваме двете земји да продоласт со процесот, најбрзо што може, изјави Сијарто.
Албанскиот премиер Еди Рама ја употреби симболиката на „Годо“ на Бекет да го изрази своето „разочарување, а и тага и срам“ што Македононија, „македонските браќа“ не ги почнаа интеграциите.
„Се чувствуваме тажни и стотици пати кажувам дека нашите браќа од Македонија сѐ уште не успеале да влезат во оваа фаза од процесот, иако беа први. Се чувствувам малку засрамено што треба да размислувам за понижувањето на Северна Македонија која го смени и името. Различните ставови за тоа која била мајка на народниот херој и со кого водела љубов, дали биле поврзани кога решиле да водат љубов, се многу интересни теми за историчарите, но мислам дека не се дел од сето она што нѐ поврзува да станеме дел од ЕУ. За нас и за мене, достигнувањето на ЕУ е да научиме да го гледаме патот со очите на иднината“, кажа Рама.
Имаше и порака до Бугарија, да ја остави историјата, а како што рече минатото да го гледа низ окото на идината.
-Кога збор за нашето понижување, дека три пати сме одбиени, тогаш се чувст засрамамен поради понижувањето на Северна Македонија, која дури го смени името ова да го почнат. Да, стојам зад се’ што кажав на бугарскиот пријател (новинарот од Бугарија, која постави прашање), бидејќи историјата не смее да биде причина да запре процесот на преговори за ниедна земја. Не е ова напад до нашите бугарски пријатели, рече Рама.
Албанскиот премиер кажа дека тоа направена е голема штета на нацијата на луѓето во Македонија, а секое билатеризирање на патот кон ЕУ е како што рече „болна работа“.
В.К.