Никол Кидман и Селма Хаек се скараа на црвениот тепих во текот на модната недела во Париз додека позираа со Кети Пери, педизвикувајќи бурни реакции на социјалните мрежи.
Актерките никол Кидман (57) и Селма Хаек (58) привлекоа големо внимание во текот на Модната недела во Париз кога се најдоа среде кавга на црвениот тепих на ревијата на Баленсијага.
Инцидентот се случи додека Кидман и Хаек заедно со пејачката Кети Пери (39) позираа пред фотографите. При тоа, дојде до тензија во врска со начинот на позирање бидејќи Селма предложи поинаква поза која Никол одлучно ја одби.
Во обидот да ја стави раката околу Кидман, Хаек наиде на отпор.
Наводно, никол ја турнала и остро ѝ рекла „не допирај ме“.
Според изјавите на очевидците, Пери делувала непријатно и затекнато во текот на целата оваа ситуација. Снимката од овој незгоден момент кој се случи пред две недели, се појави денес на интернет и предизвика „бура“ на социјалните мрежи. Коментарите ги преплавија социјалните платформи, а инцидентот ги поттикна гласините за студените односи меѓу славните личности.