Готов е резултатот од стручните надзори за починатата родилка во болница во Куманово и бебето на Клиника за детски болести.
Министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес конференција рече дека Комисијата во болницата во Куманово констатирала одредени административни и технички недостатоци, но тие не може, рече тој, да бидат причина за акутно влошување на општата здравствена состојба на пациентката.
-Комисијата не констатирала пропусти во пренаталниот менаџмент на пациентката, од одговрните доктори во приватните здравствени установи каде била следена бременоста. Комисијата не констатираше пропусти и во амбулантското следење на пациентката во рамки на пренаталните преглети во болницата во Куманово. Не се утврдени пропусти кај гинеколошкиот тим вотек на перипарталниот третман на пациентката. Констатирано е дека тимот постапувал согласно упатствата, рече Таравари па продолжи за причините за смртта на бебето.
-Во надзорот на Клиника за детски болести и во Клиниката во Козле констатирани се недостатоци од три типа-системски, технички и недостатоци во стручноста. Во делот на системски недостатоци констатирано е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациентите при прием и понатамошен третман. Констатирана е потреба од континуирана обука на докторите на Клиниката за детски болести за срцева респираторна поддршка. Во Козле е констатирано потреба од соодветна апаратура за пружање репираторна поддршка. Како и потреба од обезбедување на видеолариндоскоп на Детска, како и унапредување на организирањето на транспортот на пациентите од една до друга установа. Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за пореба од хоспитализација на бебетопри вториот преглед на трети октомвр, а во Козле неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот, рече Таравари.
На новинарско прашање што ќе превземат Таравари рече дека како прво извештајот ќе биде испратен до Клиника за педијатри, како и до Етичката комисија до Лекарска комора, а тие како министерство за здравство ќе следиме да видиме дали ќе се превземат мерки и кои мерки“..
Таравари смета дека прв пропуст кај лекување на бебето е направен што не му е дадена механичкакислородна поддршка, иако е констатирано дека не постоеле апарати за кислородна поддршка.
За родилката тој рече дека колегите му кажале дека добила епилептични напади за кои нема објаснувања,значи не е причина лекарска грешка, рече тој.
Одговарајќи на новинарски прашања, министерот рече оти, дека имаме крах во системот, се покажало кога беше пандемијата.
– И дека континуирано ни требаат и ни недостасуваат и средно медицински кадар и доктори и апаратура, тоа е општо позната работа. Ние континуирано работиме на тоа да ги доопремуваме клиниките, меѓутоа и да овозможиме што повеќе кадар да се вработи. Преку ноќ не можеме да смениме систем што полека колабира, посебно последните 10 – 15 години, нагласи Таравари.
Тој информираше и дека за првите 300 специјализанти би требало до крајот на годината да се објави конкурс за вработување, а тука ќе биле вклучени плус десетте најдобри студенти од сите три медицински факултети во државава.