СДСМ утрво со соопштение извести дека „шефот на контрола во Наплатната служба на патарините во Петровец, Миланчо Митревски иако не ги исполнува условите поради тоа што бил фатен со бројни злоупотреби, наплаќал повеќе пари на патарините, а вишокот пари си ги земал за себе, но и скандалот е уште поголем тој не плаќа патарини“.
Во врска со наводите од јавноста се огласија од ЈПДП.
-Јавното претпријатие за државни патишта известува дека лицето Миланчо Митревски на 28.07.2024 година е назначен со времено задолжение од три месеци за координатор за контрола во Одделението за наплата на патарини и контрола. Јавното претпријатие за државни патишта ќе го прекине временото задолжение за координатор за контрола и ќе ги преиспита изнесените наводи во јавноста, затоа што Законот треба да важи за сите независно на која позиција или функција се, информираат од ова ЈП.