Денес во ЈО продолжи судењето за убиството на Вања и Панче. Денешното рочиште беше за сослушување на оштетените, конкретно Зорица Ѓорческа, мајката на Вања и Ана Киркова, ќерка на Панче Жежовски.
По завршување на рочиштето изјава дадоа адвокатите на Љупчо Палевски Палчо и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања.
Адвокатот на Палчо, Марјан Витанов, посочи дека од сведочењето на Зорица Ѓорческа, за него како бранител, е што таа кажала дека не ги познава никој од обвинетите, ниту, пак, посочила или се сомнева дека нејзиниот сопруг можел да има контакт со Палчо.
-Дел од исказот се однесуваше како се случил настанот и за сослушувањето во полиција, кога таа била пуштена, а сопругот е задржан. Ана Киркова не ги познава обвинетите, освен Велибор Маневски и нема сознанија што би упатувеле дека некој од обвинетите е сторител на кривично дело. Не знае за недоразбирања и познатство на Жежовски со обинетите. Исто така и нејзиниот сопруг. Единствено изјава дадоа дека Панче имал недоразбирања со Велибор Маневски, воделе некои судски постапки. Сето ова засега значи дека не може Палчо да се доведе поврзаност со конкретните дела. Нашите прашања беа во насока, а тоа го баравме и од оштетената, дали можеби претпоставува дека Палчо и Ѓорчески биле во контакт. Поставивме прашање на Зорица и за татко и, дали можеби имало недоразбирања или неисполнети обврски. Јас ја прашав. Но, таа не знаеше дека во купопродажа на тој стан имало некои недоразбирања, рече адвокатот Марјан Витанов од Куманово, адвокат на Палчо, кој на новинарски прашање дали и тој верува дека Палевски е невин, и додаде:
-Вака како што е поставено обвиненитео верувам , дека нема можност преку таквите докази Палчо да биде поврзан со кривичните дела, рече тој.
По завршување на рочиштето изјава даде и Владимит Туфегџиќ,адвокат на таткото на Вања, кој рече:
-Денес се расчистија сите шпекулации и мистерии кои се провлекуваа. Денес присуствуваме на исказ кој дава логичен след на работите со кој се потврдува тезата дека Александар нема никаква инволвираност. И самиот сведок не посочи дека Александар направил нешто невообичаено. По однос на тоа дека Александар дал своја претпоставка дека детето е киднапирано, ако внимателно се слушна сведокот многу децидно појасни дека и таа имала своја теорија дека Вања избегала, дека некој ја прелажал. Таа појасни како го разбира неговоро мислење дека Вања е киднапирана. Таа рече дека не можел да се помири со фактот, бидејќи многу им верувал на децата, дека избегала или некој ја прелажал и затоа неговата теорија била, освен претпоставката дека е киднапирана. Можам да констатирам дека денешниот исказ има свој логичен тек, за разлика од исказот, кој овој сведок го дал во ЈО, каде во некои клучни точки отстапува од она што денес го слушнавме. Особено во делот како и на кој начин го известила таткото, каде ја пречекал и видела дека таткото излегувал од влезот и бил облечен, а не како што се провлекуваше дека доцнел. Денес сведокот беше дециден, рече адвокатот на Ѓорчески.
Во врска со споменатиот стан тој рече:
-Сведокот денес даде јасен исказ дека се што се случувало околу странсферот на становите имало целосна согласност од мајката, кој била иницијатор за препишување на станот на децата. Таа јасно кажа дека договорот е заверен на нотар и Александар предложил еден од становите кои тој ги поседува исто така биде префрлен на децата. За цело време се два стана, едниот на Партизанска, а другиот на „Н.Н. Борче“. Станот на „Партизанска“ е на Вања, додека другиот е на Миња, помалата ќерка. Немојте само да ми кажете дека ова е мотив некој да си убие дете, рече Туфегџиќ, а за непобитните докази од Обвинителство за телефонските преписки, додаде:
-Не сум баш сигурен дека се однесува на мојот клиент, а денес сведокот ја објасни комуникацијата меѓу таткото и децата. Овј исказ на сведокот оди спротивно на тврдењето на Јавното обвинителство, рече адвокатот.
–