Изминатиов празничен викенд некои го поминале на блиските плажи, но некои решиле физички да се пресметаат. МВР информира за тепачки во повеќе градови низ државата.
Прочитајте каде се проблемите се решавале со тупаници:
-На 12.10.2024 во 03.00 часот во СВР Скопје, И.Т.(41) од Куманово, со престој во Скопје, пријавил дека на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од Т.Ѓ.(36) од село Бучинци, општина Илинден. При преземање мерки во врска со настанот, полициски службеници од Полициската станица Карпош констатирале дека И.Т. бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Тој бил лишен од слобода и спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.
-СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.С.(41) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста” во врска со семејно и кривично дело „телесна повреда”. На 03.10.2024 во семејниот дом, поради претходни недоразбирања, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му патувил закани по неговиот живот, по што му била одредена мерка притвор од осум дена во Казнено поправната установа Затвор, Скопје.
-На 13.10.2024 во 04.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аердором во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.П.(21) од село Сопиште, скопско и К.М.(25) од Прилеп, со престој во Скопје, кој употребил и тврд предмет. По целосно докуменирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
-На 12.10.2024 во 19.45 часот во СВР Скопје, Р.Б.(54) од Скопје пријавил дека околу 19.15 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-На 12.10.2024 во 06.10 часот во СВР Скопје, А.А.(21) од село Стајковци, скопско, пријавил дека пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, едно лице му се заканило со тврд предмет и физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-На 12.10.2024 во 16.20 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го привеле Д.Р.(34) од Скопје затоа што во претходно во населба Драчево физички го нападнал И.Г.(55) од Скопје се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајто ќе следува содветен поднесок.
-На 12.10.2024 во 22.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар, две лица физички нападнале малолетник од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-На 12.10.2024 во 21.16 часот во СВР Штип, К.М.(42) од Штип пријавила дека пред станбена зграда во Штип била физички нападната од нејзината сосетка Б.„Н”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-На 13.10.2024 во 01.32 часот во СВР Скопје, Р.Ј.(43) од Скопје пријавил дека околу 00.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, едно лице физички го нападнало неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-На 12.10.2024 во 22.33 часот во СВР Штип, Е.Т.(49) од Штип пријавил дека на ул.„Никола Карев” во Штип, по претходна расправија околу сообраќајот, бил физички нападнат од Н.К.(37) од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-На 12.10.2024 во 13.13 часот во СВР Скопје, С.Д.(71) од Скопје пријавила дека околу 12.30 часот пред влез на станбена зграда на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од Ј.А.(74) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-На 12.10.2204 во 07.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Драчево во Скопје, М.Ц.(54) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир со физички ја нападнал Р.П.(68) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-На 13.10.2024 во 03.00 часот во СВР Скопје, В.К.(48) од Скопје пријавил дека околу 01.00 часот на подрачјето на Карпош, две лица со закана со остар предмет од неговата малолетна ќерка одзеле чанта со лични документи и пари. Се преземаат мерки за расистување на случајот.
-На 11.10.2024 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека дека околу 08.15 часот во Гевгелија, на место викано „Смрдлива вода”, во реката било пронајдено машко лице во бессознание. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за Н.С.(63) од Демир Капија. Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, каде што во 17.30 часот лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.