На листата на најгрди венчаници речиси секогаш се наоѓа онаа во која Селин Дион се омажи во 1994 година.
Познатата пејачка имаше раскошна церемонија во базиликата Нотр Дам во Монтреал, облечена во француска свилена венчаница дизајнирана од Мирела и Стив Џентил.
Како што изјави тогаш, секогаш знаела каква венчаница сака, пренесува супержена.
„Сакав венчаница за принцеза, како онаа за која сонуваме во соништата, но денес ја плаќам цената на мојата желба. Морам да ви кажам дека не е лесно да се движите во неа, тешка е, но јас не жалам за ништо“, рече Селин по венчавката.
Имала дури и фасцинатор од 2.000 кристали, кој и бил прикачен на главата и тежел дури 2,7 килограми. Покрај тоа, таа имаla огромен превез долг шест метри, кој повеќето девојки денес не би го избрале.
И покрај сето тоа, Селин поради венчаницата заврши во болница. Kога го симнала фасцинаторот, поради неговата тежина и притисок, имала расекотина на главата, како и грутка со големина на јајце во средината на челото. Веднаш отишла на лекар и морала да пие антибиотици во следните неколку дена.