ветот е во фаза на редефинирање на светскиот поредок, престројување на силите. Поради тоа, во однос на постигнување на мир во разгорените конфликти, во моментов немаме подготвеност од страна на глобалните актери да се стиши. Вака анализира професорот Мухамед Ибрахими, кој гостуваше во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
-Го имате западниот свет којшто едно столетие ја држи контрола, по Студената војна имаме унилатерален свет, но тоа рапидно се менува. Нормално, западниот свет тоа го гледа како закана и се обидува на секаков начин тоа да го стопира. Лично јас тоа го гледам како очајни напори од страна на Запад тоа да го запре. Меѓутоа, ако се покаже доволно внимание и разбирање, мислам дека може да се дојде до некој договор за редефинирање на тој светски поредок. Несомнено дека има една супер сила како што е Кина дека ќе има влијание посебно со Белт едн роуд иницијативата (Новиот пат на свилата), која што е на некој начин е мека моќ, меѓутоа, има ефект. Несомнено дека мора да се признае дека Русија е велесила да се одбрани, вели Ибрахими.
На прашањето дали е потребна е нова Јалта, нов мировен договор, пандан на Кримската конференција со која се направи ново редефинирање на Европа и Јалта, Ибрахими смета дека во моментот актери како НАТО немаат подготвеност за тоа.
-Имаме непослушност за постигнување на договор меѓу Русија и Украина, иако и до сега сме имале неколку обиди од страна на посредници како Турција, која се обидува тоа да по потсреди и да посредува. Меѓутоа, од страна на одредени актери од НАТО немаме таква подготвеност. Напротив, имаме ескалација на конфликтот, посебно имаме пенетрација на украинските сили внатре во Курск, иако во моментот тоа не им оди многу во прилог на Украинците, затоа што гледаме дека руската армија многу брзо се преадаптира во текот на овие две години колку што трае конфликтот. Гледаме доста интересно како ја редефинираат нивната воена парадигма, така што, мислам дека ако веќе постои таква свест кај глобалните актери, не можеме да се надеваме на скорашен договор, во кој ќе може да издишиме слободно и да кажеме дека помина, вели Мухамед Ибрахими.
Професорот додава дека во овие околности, лошо е што во позадина има конфликт во Блискиот Исток, кој може да го запали светот.