Ураганот Милтон, најсилниот во последните сто години, ја погоди Флорида. Иако ослабе од категорија 5 до категорија 2 пред да стигне до брегот на Флорида, ураганот зад себе остави пустош. Во тек е санирање на штетите и потрага по жртви.
Во медиумите се шири неверојатна приказна – човек си го спасил животот пливајќи на фрижидер во Мексиканскиот залив.
Американската крајбрежна стража спасила маж кој се држел за фрижидер додека пловел на приближно 50 километри од брегот. Спасувачите се симнале од хеликоптерот и допливале до човекот кој клечел на врвот на фрижидерот.
Мажот бил пренесен во општата болница во Тампа, каде му била укажана лекарска помош.
„Тој го преживеа она што е кошмарно сценарио дури и за најискусниот морнар“, изјави поручникот Дејна Грејди од американската крајбрежна стража.
„За да се разбере сериозноста на условите на ураганот, важно е да се каже дека проценуваме дека доживеал ветрови од 120 до 145 километри на час. Тој преживеал благодарение на појасот за спасување, локаторот што ја покажуваше неговата позиција за итни случаи и фрижидерот“, изјави таа.
#Breaking An @USCG Air Station Miami 65 helicopter crew rescued a man clinging to a cooler approximately 30 mi. off Longboat Key.
The man was taken to Tampa General Hospital for medical care.
Sector St. Pete lost communications w/ the man at approx. 6:45 p.m., Wed. #SAR pic.twitter.com/64wSHuRAeH
— USCGSoutheast (@USCGSoutheast) October 10, 2024
Човекот го поправал својот брод во три часот наутро во средата, но наишол на силни ветрови на враќање кон пристаништето.
Условите брзо се влошиле, како што се приближувал ураганот. Крајбрежната стража му наредила на човекот да облече елек за спасување и да остане покрај радио-светилникот што ја покажува положбата на пловилото, но комуникацијата била изгубена, индекс.хр.
Да потсетиме, 14 лица загинаа, а повеќе од 500 луѓе се спасени во разорниот ураган Милтон што ја погоди областа на Флорида.
Сепак, се уште се трага по жртвите и се работи на штетите кои се исклучително големи со оглед на тоа што ураганот зад себе остави пустош.