Многумина веројатно би се согласиле дека најдобриот дел од секоја свадба е храната. Заборавете на заветите и танцот. Голем дел од вниманието на свадбите е свртен кон храната и пијалокот. Дури и оние кои не уживаат во гласната музика, сепак може да јадат, а добрата храна дополнително ѝ додава магија на секоја свадбена веселба. Особено кога во прашање е сечењето на свадбената торта.
Е токму овој момент беше поставен на едно целосно ново ниво од страна на еден пар од регионот. Имено, на ТикТок веќе стана вирален хит снимката на која се гледа како младоженците одлучиле да ја напуштат традицијата за сечење свадбена торта па тие на својот посебен ден одлучиле да сечат „свадбена пица“.
Младенците кои очигледно се љубители на ова јадење ги шокирале своите гости бидејќи на чиниите тие послужиле парче италијански специјалитет. Она што е навистина генијално во врска со овој потег е тоа дека тие на својата свадба го искористиле своето право да прослават онака како што сакаат, односно без торта.
Видеото насловено како „Шок! Младенци јаделе пица наместо торта“ предизвика лавина реакции, но судејќи по коментарите потегот на парот навистина е интересен.
„Оригинални, па што им фали? Сега сите ќе почнат со ова“, гласи еден од коментарите.
„Нивна свадба, нивна работа“, додава друг корисник на ТикТок.
Некои од корисниците решија и да се пошегуваат:
„Па да бе, може и бурек и јогурт“;
„Тортите се апсурдно скапи, пица е сосема ок“.
Сепак имаше и такви со негативни забелешки за ваквиот потег, аргументирајќи дека со ова се оди кон откажување од традицијата.