Милијардерот Џеф Безос за својата вообичаена утринска рутина истакна дека ниту едно утро не поминува без едно „златно“ правило, пренесува INC.
Тој откри, што го потврди и неговата сопруга, дека тие не ги користат телефоните во првиот час секое утро и избегнуваат секакво изложување на екраните.
Наместо тоа, Безос го поминува утрото уживајќи во читање весник, пиење кафе и појадок со семејството. Како што тврди, ова му помага повеќе да ужива во моментите и животот околу него, надвор од екранот.
Според него, бавните утра без телефон, кога нежно се подготвува за своите обврски и за претстојниот ден, го подобруваат неговото ниво на енергија и способноста да донесува одлуки во текот на денот – односно размислување.
Сепак, неговите тврдења не останаа незабележани од научниците, кои ги потврдија неговите теории. Имено, новото истражување утврдило дека утрата без екрани се поздрави, но и го стимулираат мозокот и размислувањето. Што би рекол Безос во интервју го прави попаметен. Студиите ја поддржуваат рутината на Безос и препорачуваат повеќе од нас да почнат да ја спроведуваат.
-Ако едно утро само скролате по телефонот во кревет еден час, негативните ефекти би биле минимални. Но, ако станува навика, ден по ден, месец по месец, ваквото однесување може да го земе својот данок, објаснува Марис Лофлер, од Програмата за медицина на животниот стил на Стенфорд, во неодамнешниот блог пост на програмата, пренесува telegraf.rs.