Крива Паланка вчера прослави голем јубилеј, 80 години слободна Крива Паланка, јубилеј за прославување со Свечена академија и ден за доделување свечени признанија, заедно со највисоката награда на градот “8 Октомври”.
Наградата „8 Октомври“ за 2024 е доделена на Срѓан Захариевски, искусен фудбалски стратег, долгогодишен интернационалец, репрезентативец – спортски амбасадор на Крива Паланка.
Признанија за особени постигнувања од значење за развојот на Општина Крива Паланка и за нејзина афирмација во Македонија и во светот за 2024 година се доделени на:д-р Грети Јакимовска, специјалист дерматовенеролог во ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ Скопје;
д-р Ацо Младеновски, специјалист гинеколог; д-р Горан Младеновски, спец.гинеколог во ПЗУ по гинекологија и акушерство Крива Паланка; д-р Даниел Милковски, доктор на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје; д-р Душан Петковски, доктор на Универзитетска клинка за кардиологија Скопје; д-р Емил Стоицовски, спец. анесезиолог во Клиника Жан Митрев, Скопје; г-дин Злате Јовановски, полковник во пензија; г-дин Бранко Трајановски-генерал во пензија, сите од Крива Паланка.
Признанија по повод Денот на ослободувањето на градот беа доделени на: КУЗ Распеани Паланчани, за 50 години постоење и негување староградската кривопаланечка песна; Распеано Симитче, за 10-то јубилејно издание на фестивалот; КМФ Осогово 2022 , прв општински клуб во мал фудбал;
Роберт Крстевски, за креирање на блогспот „ Градот со вкус на симит„ за промоција на Крива Паланка; Горан Стојковски и Универзал, за поддршка на локалната економија, унапредување и вложување во нови технологии.
Плакета за особени достигнувања и придонес во развојот и афирмцијата на Општина Крива Паланка за 2024 е доделена на проф . д-р Николај Влканов, директор на “Булмак 2016”, компанијата што стопанисува со рудникот за олово и цинк Тораница, а е најголемиот работодавец во градот.
Свеченоста ја збогатија настапите на познатата македонска пејачка Андријана Јаневска, Горан Алачки – хармоника и нашиот паланчанец , познат македонски и балкански пејач, Драган Мијалковски.