Екс премиерот Зоран Заев вчера го прослави јубилејниот 50-ти роденден.
Заедно со се семејството и најблиските пријатели синоќа направил роденденска журка во дворот на канцелариите каде работи во Струмица.
ММС го контактираше Заев за да дознаеме што си посакал за 50-тиот роденден и како се чувствува сега кога веќе ја начна шестата декада.
-Свесен дека сега имам петка напред, уште пред годините сфатив дека влегувам во второ полувреме од животот и сега мора појако и поквалитетно да се одиграт следните 50 години. Роденденската желба, како и сите што ја имаме, е здравје и среќа за децата и семејството, но и ветување дека повеке време во следните години ќе издвојувам за нив, а помалку за работата. Инаку се чувствувам многу многу помлад од годините што ги имам. За жал многу ретко вежбам, а бидејќи сум свесен за годините ќе морам почесто да спортувам. Само со мото спортот нема да е добро по здравјето, откри Заев за ММС.
Заев имал неколку роденденски торти, односно роденденската торта била составена од неколку дела и тоа мотор, кацига, ракавици и регистрација.
Тој вели дека тоа не е негова нарачка туку:
-Тортата е изненадување од сопругата и децата, рече Заев за ММС.
Од роденденот фотографија на социјалните мрежи објави и екс министерот Љупчо Николовски.
Гостите ги забавувал српскиот пејач Дарко Филиповиќ, кој се пофали со фотографии. Токму Дарко да ги забавува гостите била желба на Заев, бидејќи ја пее неговата најомилена песна, а тоа е големиот хит „Требаш ми“.
Знаејќи го тоа неговите другари го изненадиле, па го повикале пејачот.
-Другарите ме изненадија со него знаејќи дека ја сакам многу песната „Требаш ми“ од Дарко Филиповиќ. Пејачот беше роденденски подарок од другарите со кои возам мотор, ни откри тој.
Журката била весела и се пеело до зори.
(В.М.)
Фото: Приватна архива/социјални мрежи