Теа Ѓорѓиевска (21) е најубавата Македонка. Вака одлучи вчеравечер жирито на изборот за Мис Македонија кој се одржа во Националната опера и балет.
Младата убавица од Куманово ќе ги брани боите на македонското знаме на 16 ноември во Мексико Сити, градот кој е домаќин на изборот за Мис универзум.
На вчерашниот избор учествуваа вкупно 19 девојки, од кои 10 финалистки. Сите тие продефилираа во свечени фустани и во костими за капење, откако нивното прво претставување беше во народни носии, додека на сцената настапуваа играорци со „Тешкото“.
Настап имаше и музичката ѕвезда Тамара Тодевска со евровизиската Proud.
Право на учество на изборот имаа сите наши државјанки кои живеат овде и се со навршени 18 години.
На вчерашниот престижен избор кој направи симбиоза на елеганција, гламур и забава, Теа Ѓорѓиевска стана првата Македонка која по 15 години пауза на нашата држава, ќе се бори рамо до рамо со уште 138 девојки од целиот свет.
Атмосферата од настан ви ја доловуваме во продолжение преку фотографиите направени низ објективот на Вангел Тануровски: