Српскиот епидемиолог проф. д-р Зоран Радовановиќ, за република.рс раскажал како се пренесува инфекцијата од Марбург вирусот.
Се пренесува на следниве начини:
-со директен контакт со заразено животно
-контакт со секрети како што се слуз, крв, урина, столица
-постои можност за инфекција ако пациентот лежи во креветот на заразено лице
-преку спермата
Симптоми на инфекција со овој вирус:
-болки во грлото
-главоболка
-малаксаност
-температура
-дијареа
-промени на кожата
Во случај на компликации, се јавува откажување на бубрезите и црниот дроб. Заразените со овој вирус мора да бидат изолирани во карантин три недели. Вакцина за Марбург вирусот нема, иако според професорот се работи на вакцина. Засега се применува само симптоматско лекување, а проф. Радовановиќ објасни што значи тоа.
-Ако пациентот има симптом, вие го лекувате тој симптом. Неопходно е пациентот да ја замени изгубената течност, минерали… Нема специфична терапија која ќе го уништи вирусот, но симптомите се лекуваат – рече тој.