Пејачката Милица Тодоровиќ (33) е една од ретките жени од јавната сцена во Србија која не подлегнала на трендовите на естетската хирургија, пренесува блиц.рс.
Иако тврди дека нема ништо против естетската хирургија, Милица Тодоровиќ истакна дека гордо носи мали гради.
-Не се жалам што имам мали гради, ги сакам такви какви што се! Нема потреба да ставам силикони. Самото размислување дали треба да ги исечам градите на местото каде што се жлездите и каде што треба да дојам, ми се превртува желудникот. Немам сила за тоа – рече Милица и додаде:
-Не сум против силиконот во градите. Ако жената навистина треба да ги зголеми градите и не е задоволна со својот изглед, тогаш треба да го направи тоа. Ми велат: „Ајде Милице, ние ќе ти платиме за едниот, а ти за другиот силикон“. Еден клавијатурист што работи со мене еднаш ми рече: „Леле, ајде. Милице, стави нешто ситно во тие гради да личат на нешто“. На тоа се смеам – рече таа и додава дека секогаш е задоволна од својот изглед, дури и кога има вишок килограми