На почетокот на јануари, уредниците на „Рубрика“ добија порака од г-ѓа Лин Дубаи, која претставува група плетачи од Северна Каролина, САД. Жените одамна го имаат плетењето за свое хоби, но сега сакаат да го претворат во општествено одговорен бизнис.
“Постојано мислиме на вас. Група плетачки сака да испрати плетени капи, шалови и слично во Украина. Бараме адреса каде што можеме да ги испратиме. Можете ли да ни помогнете со ова? Која дестинација, организација или група дали може да ни препорачате за да испратиме одредени работи, напиша Лин Дубаи до уредниците на „Рубрика“.
Лин Дубаи го прочитала текстот во „Рубрика“, кој зборуваше за тоа како Украинките плетат топли работи и им ги даваат на војниците на фронтот. Топлината на рачно изработените работи не само што загрева, туку и го поддржува духот на бранителите, потсетувајќи ги дека ги чекаат дома.
Американките исто така одлучија да се приклучат на добрата кауза. Наскоро првата група плетена облека од САД се очекува да стигне до редакција на Рубрика, која понатаму ќе им ги предаде на војниците. Пакет со 51 производ веќе е на пат за Украина. Рубрика повикува на приклучување кон инцијативата до сите луѓе во светот, кои можат са пишат на team@rubryka.com и новинарите ќе помогнат да се достави помошта до оние на кои им се најпотребни.
Дел од тимот на Источна варијанта. Фото: Источна варијанта
„Ние сме среќни со нивните мали успеси во решавањето на нивните проблеми. Се разбира, планираме да ја промовираме телефонската линија за да го зголемиме бројот на барања“, вели Валерија Круподерија. „За нас е исто така важно да споделиме повеќе приказни за Украинците кои ја доживеале или доживуваат руска окупација. Исто така, планираме да вклучиме повеќе организации, медиуми и државни органи во нашата работа.
Таа забележува дека иницијативата ја покажа важноста за градење комуникација со Украинците на привремено окупираните територии. Луѓето мора да слушнат дека се ценети од украинската влада и дека не се заборавени. Телефонската линија помага да се одржи оваа врска.
Овој текст е преземен од украинскиот медиум Рубрика
Фотографии од Источна варијанта
Powered by TechSoup Network’s Digital Activism Program