ТМЗ пишува дека Канје Вест и Бјанка Ценсори се пред развод.
Американскиот таблоид пишува дека Канје и Бјанка се скарале и се разделиле пред неколку недели и дека за тоа ги известиле најблиските луѓе. Бјанка наводно отишла во Австралија за да биде со своето семејство. Иако нема информации што ја поттикнало разделбата или кој го поттикнал раскинувањето, Канје наводно веќе им кажал на пријателите дека планира да се пресели во Токио по разводот.
Kanye West and his wife Bianca Censori have been spotted at the Wynn.
It’s 47° and Bianca was barefoot wearing a bikini top. pic.twitter.com/geB8ptca6R
— Las Vegas Issues (@VegasIssues) January 8, 2024
Иако вообичаено се неразделни, во неколку наврати во последните недели се видени еден без друг. Последен пат тие беа снимени заедно во средината на септември.
Двојката се венчаше на 20 септември 2022 година. Дали на двегодишниот брак му дојде крајот, останува да видиме.
Канје претходно беше во брак со Ким Кардашијан со која ги имаше децата Норт, Сент, Чикаго и Псалм, пренесува индекс.хр.