Најмладиот брат на Мадона, Кристофер Чиконе, почина на 4 октомври во Соединетите Американски Држави на 63-годишна возраст, пренесува информер.рс.
Познатиот сликар, уметник и танчер долго време се бореше со тешка болест и на крајот ја загуби најважната битка во животот.
Според американските медиуми, Кристофер починал од рак на простата.
Мадона и Кристофер тесно соработуваа за време на кариерата на пејачката, но во 2008 година дојде до конфликт откако Кристофер ја објави книгата „Живот со мојата сестра Мадона“ во која откри многу нејзини тајни.
Меѓутоа, кога поп иконата дознала за неговата болест, ги решиле сите несогласувања и биле во постојан контакт.
Вчера американската ѕвезда се прости од својот брат со трогателно писмо на Инстаграм, во кое меѓу другото напиша:
“Од сите луѓе на светот, јас бев најблиску до него. Се држевме за раце и танцувавме низ лудилото на нашето детство. Направив се што е во моја моќ да му го продолжам животот што е можно повеќе. Тој издржа силни болки кон крајот Сега кога и да ги затворам очите, ќе видам како се држиме за рака и ќе танцуваме, мило ми е што повторно не се мачи, знам дека повторно танцува“, напишала пејачката на споменатата социјална мрежа.