Вработените во КЈП „Водовод“ од Кочани кои се задолжени за собирање и складирање на отпадот во градската депонија, честопати се соочуваат со отпад за кој тие не се задолжени да го превземаат од домаќинствата и фирмите,пишува радио Кочани, кое го објави видеото од вработените.
Но, ова што го најдоа ги запрепасти сите и ги помина сите граници на човечност. Оваа глетка, за која човек треба да се запраша какви монструми живеат околу нас, не е отпад, бидејќи диши и има душа. Во држава во која нема закон ова не е чудно, а со оглед на тоа на колку ниско ниво ни е свеста исто така не е чудно што некој монструм од Кочани решил да убие седум кученца.
-Ние сме вработени во водовод. Погледнете каков народ имаме. Штотуку родени кученца ставени во кеса, за да ги убиеме. Кочански народ! Што луѓе сме? Поздрав до нашите кочанчани, Бог ќе им плати, рече еден од вработените, кој ги пронајде кутрињата вчера наутро во пет часот.