На годинешниот јубилеен „ВизЕр Скопски маратон” настапија рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји.
-СВР Скопје во целост успешно го обезбеди настанот и без никаков инцидент го осигура меѓународниот маратон. СВР Скопје упатува извинување до сите граѓани кои во периодот од 07-14 часот имаа мали проблеми да се движат по градот, а воедно упатува и благодарност до граѓаните што ги почитуваа насоките на движење давани од полициските службеници, информираат од МВР.