Страшните поплави кои ја зафатија Јабланица однесоа најмалку 21 живот и предизвикаа огромни штети.
Зад себе оставија несогледливи последици за месното население, а меѓу најтешките настрадаа и Мухамед Беговиќ, кој го загуби синот Ернад, што го потврди и во својата исповед за „Аваз“.
Ернад и Мухамед ги спасиле своите соседи по поплавите. По спасувањето, Ернад, за жал, паднал во поројот, кој го однел.
Го даде последниот атом сила да спаси туѓи животи, но, за жал, не можеше да го спаси својот.
-Во куќата биле син, снаа, сопруга, внук и внука. Почнавме да ја напуштаме куќата и да продолжиме понатаму. Син ми одеше зад мене, малку се сврте и го удри голем бран. Веројатно беше три метри, само исчезна – изјави Мухамед Беговиќ.
Пријателите и познаниците на Хернад се збогуваат со овој херој на социјалните мрежи.
-Не ни знаевме какви херои има меѓу нас – гласеше една од пораките на социјалните мрежи.