Повторно престрелка вечерва во Скопје и тоа, според ТВ21, во наслебата Чаир. МВР за телевизијата потврди дека имало пукање вечерва во Чаир, каде едно лице е потешко повредено, и веднаш е пренесено во болница.
-На 05.10.2024 во 20.20 часот пријавено е дека на ул. Цветан Димов во Скопје има повредено лице од огнено оружје. Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило “пасат”. Повредениот е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Според информации на ТВ21, лицето е со иницијали А.Б., и поради тежината на повредите, веднаш врз него се врши операција во Клиничкиот центар. А.Б. е во тешка состојба, и се бори за живот.