Во најновото издание на емисијата Стадион на Канал 77, Бочварски и Иванов меѓу другото прокоментираа и за фамозното покачување од 78% на функционерските плати. Се сложија дека станува збор за комплексен закон кој за да се промени треба да се направат корекции на седум закони, што секако бара време.
- Се започна со постапка на израоботка на закон за плати, за да се нивелираат. Во моментов треба да се променат седум закони бидејќи не се работи овде само за пратениците туку и за судии, градоначалници и други функционери и носители на јавни функции. Можеби оваа Влада ќе направи одреден исчекор во насока на тој закон за плати, во кој мора да има градација, нагласи пратеникот на СДСМ Благој Бочварски.
Душко Иванов пак од ВМРО ДПМНЕ потенцираше дека јавноста треба да знае дека не се зголемени само платите на пратениците, туку на сите именувани и избрани функционери.
- Зголемени се платите на сите именувани и збрани функционери освен за советниците, прашање е зошто не важи ова покачување за нив кога и тие се избрани од народот, истакна Иванов.
Душко Иванов од ВМРО ДПМНЕ и Благој Бочварски од СДСМ, во најновото издание на емисијата Стадион на Канал 77. Следете на линкот во продолжение: