Кардиологот Сашко Кедев со интернационална екипа го искачи врвот Шишапангма во Кина. Врвот е висок 8.027 метри,се наоѓа во Тибет.
Организаторот на турата „Имеџин Непал“, ги објави членовите на турата, меѓу кои е и Кедев. Во екипата имало и седуммина Непалци, Американец, Јапонец и Пакистанец.
Ова е 12. врв повисок од 8.000 метри што Кедев досега го има освоено, само годинава ги искачи и Макалу, Лоце и Гашербрум 2.