Од кантоналната болница д-р Сафет Мујиќ Авази потврдија дека екипите успеале да евакуираат жена во осмиот месец од бременоста која потоа била донесена во оваа болница, пренесува еспресо.рс.
Бремената жена е оперирана и моментално е стабилна, но за жал го изгуби бебето.
Исто така, голем број екипи на Итна медицинска помош од Мостар се испратени во Јабланица.
На терен има бројни тимови за ГСС и за цивилна заштита кои се обидуваат да стигнат до жртвите за да можат потоа да ги преземат екипите за итни случаи.
За жал, според неофицијални информации од спасувачките служби, загинале неколку лица.
Големи поплави во текот на ноќта ги погодија јужните делови на Босна и Херцеговина.
Водата влезе во станбените згради, патиштата и автомобилите се под вода, а наставата е откажана на повеќе места.
Премиерката на Херцеговско-неретванскиот кантон Марија Бухач изјави дека има човечки жртви.
Вооружените сили на Босна и Херцеговина, исто така, учествуваат во спасувањето на луѓето и санирањето на штетите.
„Немаме доволно опрема и механизација. Многу е тешка ситуација“, рече Ренато Пејхак, началник на општина Крешево, една од поплавените општини утринава во Босна и Херцеговина.
Жена со две мали деца чека помош од Планинарската спасувачка служба за да бидат евакуирани од куќата која е во поплавеното подрачје“, рече Пејхак и додаде:
„Немаме доволно опрема и механизација. Тоа е многу тешка ситуација. Ова е апокалиптично“.
Регионалните медиуми информираат за поплави и во Црна Гора, особено во Никшиќ, Цетиње и Подгорица.