Петнаесетгодишно момче синоќа загина во сообраќајна несреќа на магистрален пат Куманово – Крива Паланка, во населбата Карпош, откако автомобил удрил во мотоцикл на кој се превезувале двајца малолетници, пренесува кумановоњуз.мк.
Околу 21.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово – Крива Паланка, во населба Карпош – Куманово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од И.Б. (37) од Скопје и мотоцикл „јамаха“ управувано од малолетник од Куманово. Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал 15 – годишен сопатник на мотоциклот од Куманово, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 16 – годишниот возач на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово“, соопшти МВР.
Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, возачот на патничкото возилот бил лишен од слобода, а возилото и мотоциклот биле предадени на вонреден технички преглед.