Обилните врнежи кои во текот на ноќта зафатија поголем дел од Босна и Херцеговина предизвикаа поплави во повеќе градови. Поплавени се улици и станбени згради во Јабланица, Кисељак, Крешево, Бусовача и Фојница, јавува Анадолија.
Премиерката на Херцеговско-неретванскиот кантон Марија Бухач најави дека има човечки жртви, но дека не може да прецизира колку луѓе ги загубиле животите во моментов. Како што е потврдено за Кликс.ба, човечки жртви имало во селото Злате кај Јабланица, каде состојбата е најлоша.