Необична приказна доаѓа од италијанскиот град Ачера, каде крадци упаднале во семејна куќа, украле скапоцености, а исто така и домашно милениче.
Веста ќе завршеше на страниците на локалниот весник и брзо ќе беше заборавена доколку не се огласеше сопственикот, по име Росарио.
Човекот упати срдечен апел на социјалните мрежи и објасни дека кучето Мауи припаѓа на неговата 12-годишна ќерка Миријам, која е врзана за инвалидска количка поради тешка болест.
„Задржете се што зедовте, само вратете го кучето. Тој значи цел свет за мојата ќерка. Тој и прави друштво од тригодишна возраст“, рече тој.
Апелот брзо го споделија многу луѓе, дури и претставници на локалната власт, а неколку дена подоцна се случи пресврт, пренесува Today.it.
Семејството го пронашло Мауи надвор од портата од дворот и не долго откако добиле телефонски повик.
„Тие рекоа, со странски акцент, дека го враќаат кучето поради девојчето и дека се чесни крадци“, открил мажот.
Така, Миријам успеала повторно да го прегрне својот миленик.
„Италија се ангажираше да го врати кучето на моето девојче. Таа плаче од среќа. Ви благодарам многу на сите! Ова многу не трогна“, рекол таткото, пренесува телеграф.рс.