Двајца врвни лекари од приватната болница Плодност Битола, загинаа утрово во сообраќајката кај индустриската зона во Прилеп. Загинаа примариус доктор Александар Ристески, радиолог и гинеколог д-р Никола Василевски. Животот го загуби и Фанче Јовановска рендген техничар во болницата, пренесува апла.мк.
Официјално СВР Битола соопшти дека:
– На 03.10.2024 во 07.51 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола кај клучката Лагово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки управувано од Н.В.(42) од Прилеп и сопатници А.Р и Ф.Ј., сите од Прилеп и товарно возило „волво”со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Р.(51) од Битола . Во несреќата патничкото возило се запалило и на лице место починале тројцата патници во истото. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп . Увидот го врши јавен обвинител и полициски службеници од ОВР Прилеп . Од 08.00 часот сообраќајот на патот А3 Прилеп- Битола кај село Лагово е затворен за сообраќај во двата правци.