Поставена е лаќна Дневна карта за паркирање на ЈП Паркинзи на Општина Центар, информираат од претријатието.
-Денес пријавена е поставена лажна Дневна Паркинг Карта (ДПК) при која се злоупотребени дизајнот и логото на ЈП Паркинзи на Општина Центар. На неа стои QR код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата за истата, а истиот води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ и е со цел преку измама да се извлечат парични средства. Ги замолуваме граѓаните да бидат внимателни и доколку забележат ДПК од овој тип веднаш да нѐ известат. Единствената веб-адреса за онлајн наплата на ДПК на претпријатието е https://users.poc.mk/PayDpk . Од наша страна во моментов се преземаат мерки за пријави до надлежните органи и информирање на јавноста со цел заштита на граѓаните. Во прилог фотографија од лажната ДПК, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.
Најнова измама со лажни ПОЦ казни оставени на возила.
Измамата води на лажен сајт за наплата кој краде броеви на картички и лични податоци за понатамошна продажба, кражба и злоупотреба на идентитет.
Споделете и едуцирајте!
1 / 6 pic.twitter.com/DMZk52lm6S
— Bozidar Spirovski (@spirovskib) October 2, 2024