Утрово од Обвинителството во Куманово до адвокатот Христијан Георгиевски стасало обвинението за двојното убиство во Кратово, кое се случи пред неколку месеци, а во кое тој ја застапува обвинетата. Обвинителството, вели Георгиевски, дало правна квалификација и тоа двојно убиство со умисла.
-Ние како одбрана со тоа не се согласуваме и веќе составуваме приговор, сметајќи дека во конкретниот случај станува збор за истовремен противправен напад, кој се случил врз обвинетата и која во услови на нужна одбрана ги превзела дејствијата за да се заштити себе и своето семејство. Ваквото обвинение и тероијата на случајот со која оди ОЈО Куманово не одговара со самите факти и ние се надеваме дека со приговорот, а и во понатамошниот тек на постапката ќе ја смениме правната квалификаци и ќе одиме со „нужна одбрана“. Приговорот ќе го доставиме до крајот на работното време и предлагаме рочиште за расправа по обвинението и по доказите, за кое се надеваме дека судечкиот совет ќе прифати и пред да влеземе во судски расправи ќе имаме добра правна битка во поглед на правната квалификација на обвинението, вели адвокатот Георгиевски за ММС и објаснува:
-Кога судот ќе го прими приговорот може да прифати да одржи рочиште за оценка на обвинителниот акт, односно на доказите што ние ги предлагаме или може да одлучи без одржување на рочиште, без пристан на нас како одбрана. Ние предлагаме да се одржи вакво рочиште, да се разгледаат доказите пред да се стапи во судска постапка против нашиот клиент, вели Георгиевски.
Тој очекува судењето да започне до крајот на месецов и вели дека веќе ја информирал обвинетата, која била многу разочарана од ваквото обинение.
-Но, ние ја убедивме дека и претстои долга правна битка и дека постапката се уште е на почетокот, се надевме дека со целосна посветенот на наишот тим ќе извојуваме победа, додава тој.