Инспирирани од вистинска животна приказна, триото Влатко Лозаноски -Лозано, Ена Цветковска и Лазар Цветковски создадоа уште едно музичко ремек дело, кое несомнено ќе допре до многумина кои живеат во нашата земја, но и нашинци кои се насекаде стационирани по овој свет…
“Жолто Црвено” е насловот на ова најново издание за кое има и видеоспот, a на кој се потпишува познатиот режисер Даниел Јовески…
“Да, песната е создадена според вистинска животна приказна, односно на една од моите турнеи минатата година се запознав со еден нашинец кој беше на еден од концертите. Во неврзаниот разговор, човекот ми ја раскажа неговата животна приказна, за која во тој момент освен што ја ислушав, не и дадов многу на значење, но по некое време почнав сѐ повеќе да размислувам за создавање на песна инспирирана од тој краток разговор. Со Лазар и Ена долго работевме на овој проект, свесно не сакавме да брзаме за да може и ние лично да се интрифилтираме во самата приказна” – вели Лозано, кој заедно со Лазе и Ена се потпишуваат како автори на текстот, додека музиката и аранжманот се дело на Лазар.
За потребите на оваа песна се сними видеоспот, во кој без вклучени повеќемина актери. Младиот пар е Андреј Пајмакоски и Ива Цацкова, потоа Христијан Проданов, Љупчо Андрески и Тирјакија Јовеска. Спотот е снимен на повеќе локации, а една од нив е и во Офицерскиот дом во Битола. Со други зборови, Лозано и неговиот тим уште еднаш на публиката и подарија вредно музичко парче кое нема да ја остави рамнодушна..