Сириската телевизија објави дека тројца цивили, меѓу кои и еден новинар, биле убиени во израелските напади во Дамаск рано утринава. Најмалку девет лица се повредени, според извештајот на државната телевизија.
-Сафа Ахмад е убиенa „во израелската агресија врз главниот град Дамаск“, се додава.
Сириските медиуми објавија дека во регионот на Дамаск системите за воздушна одбрана три пати во текот на ноќта пресретнале „непријателски цели“, користејќи го терминот што се користи за израелски напади. МИА