Спасителна акција на Дојранско Езеро со среќен крај, но на Шар Планина, при потрагата, изгубената планинарка е пронајдена утрово без знаци на живот – информираше денеска Центарот за управување со кризи.
Од ЦУК додаваат дека во изминатото деноноќие имало и неколку пожари на отворено и 1 643 повици на 112 во последното деноноќие
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имаше спасителна акција на Дојранско Езеро што заврши успешно, а имаше потрага по изгубена планинарка на Шар Планина, што и денеска продолжи, но за жал, утрово е пронајдена без знаци на живот. Имаше 1 723 повици на 112 во ЦУК во последното деноноќие
На 112 во ЦУК околу 16.30 часот е барано помош за лице коешто пливало во езерото заради лошото време со ветер, бранови и езерски струи кај месноста „Калдрма“ во Дојранско Езеро. Лицето е пронајдено живо од страна на полициски службеници од ПС Дојран.
Конкретно од СВР Струмица известија дека лицето испливало до брегот во влизина на грчката граница. Истото од таму е земено од страна на припадниците од МВР и е надвор од животна опасност. Инаку, полицајците од ПС Дојран со чамец на концесионерот на езерото беа излезени на теренот при силен ветер и бранови и вршеа пребарување на Дојранското Езерото на местото каде што било забележано лицето. ДЗС немаше чамец на Дојранско Езеро.
Регионалниот ЦУК Тетово, извести дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик за исчезната повозрасна планинарка (72-годишна) на Шар Планина во реон на Љуботен, по што беше организирана потрага што продолжи и денеска од утрово, кога се раздени. Во потрагата беа вклучени ренџери од НП „Шар Планина“ заедно со нивниот директор, 12 специјалци од МВР, 5 полициски службеници од ПС Теарце. Утрово, од НП „Шар Планина“ известија дека денеска во 07.30 часот е пронајдена жената во месноста „Ружен Камен“, но без знаци на живот. За извлекување на настраданата жена од тежок и не пристапен терен се интервенира и од страна на алпинистот Надир Мурсели, којшто помага при вакви случаи на Шар Планина. Увид на местото ќе изврши екипа од СВР Тетово, а е известен и Јавен обвинител.
Во поглед на регистрираните пожари на отворен простор во последното деноноќие, Регионалниот ЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Битола дека од 12.00 до 12.45 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на с. Смолево (Општина Битола).
РЦУК Струмица, информира дека пожарникарите од ТППЕ Струмица од 18.15 до 19.58 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена спортско игралиште во с. Борисово (Општина Струмица). Од 16.15 до 17.50 часот со 4 пожарникари и 1 ПП возило и ТППЕ Гевгелија со 4 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена депонија над населба Карпош Стар Дојран (Општина Дојран), Од 17.50 до 19.40 часот со 4 пожарникари и ПП возило и ТППЕ Гевгелија со 4 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација и дрва во с. Николич (Општина Дојран). РЦУК Охрид, ја пренесува информацијата од ТППЕ Македонски Брод дека од 09.58 до 15.10 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило гаснеле дива депонија во атарот на с. Девич.
Имало вкупно 1 643 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 55,20%, а 44,80% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон Полиција биле упатени 58,89%, кон Итната медицинска помош 26,48%, кон пожарникарите 3,16%, а кон АМСМ 0,40% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 764 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК.
Имало вкупно 1 643 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 55,20%, а 44,80% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон Полиција биле упатени 58,89%, кон Итната медицинска помош 26,48%, кон пожарникарите 3,16%, а кон АМСМ 0,40% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 764 повик за итни случаи на 112 за во ЦУК.